ВИДЕО: Метеж на ГП „Блаце“ – дел од лицата кои се апсеа вечерва планирале бегство на Косово?

December 15, 2024
1 min read

Километарски колони се формирани на граничниот премин „Блаце“. Како што дознава ТВ21, тоа е поради вечерашната акција која се уште ја спроведува македонската полиција, а каде како што објавивме се апсат членови на криминални групи.

Според наши информации, дел од членовите кои претходно биле следени со ПИ мерки (посебни истражни мерки) планирале бегство од Македонија кон Косово, па најверојатно поради тоа од попладнево има засилено полициско присуство на граничниот премин.

Инаку, вечерашната акција треба да се спроведи во вторникот, но поради пробивање на акцијата од вработени лице во МВР, истата брзо била реорганизирана и закажана за денеска.

Во моментов не е јасно дали некое од лицата успало да се спаси од полицијата, откако акцијата била пробиена.

Ова не е прв пат големи акции на полицијата или обвинителството да бидат пробиени. Последен таков голем случај беше акцијата „Планина“ која ја раководеше тогашната обвинителка и шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Афтер Груби ефект“: Функционер на ДУИ кодошел во МВР за криминалните групи

Следно

ВАДА: Сè уште сметаме дека Синер треба да биде казнет

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот

Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7. Патниците му помогнале на екипажот Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет,
Go toTop