(ВИДЕО) Ковачевски домаќин на македонска вечер во Белград, ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат дека лумпува

November 18, 2023
1 min read

Премиерот вчеравечер ги повикал присутните на меѓународниот саем за вино, храна и туризам, да дегустираат македонско вино и храна. Опозицијата порачува – Ковачевски да се вразуми и да дојде дома

Премиерот Димитар Ковачевски вчеравечер бил домаќин на македонска вечер во рамки на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград, соопшти Владата.

Тој во поздравното обраќање кажал дека македонската култура и традиција се познати на регионот и на светот, меѓудругото, и по македонското вино, храна, музика, што ја промовираат државата и како посебна туристичка дестинација.

„Ве поканувам заедно да ги дегустираме македонското вино и македонската храна автентични за нашата македонска држава. Во Северна Македонија културата и гостопримството се спојуваат и создаваат незаборавни патувања“,

кажал премиерот.

ВМРО-ДПМНЕ со реакција – баханалиите и лумпувањата на владината делегација во Белград, на чело со Ковачевски се срам за Македонија.

„Граѓаните едвај врзуваат крај со крај поради урнисаниот стандард, тонат економијата и стопанството, хаос во образованието и здравството, а на Ковачевски му дошло за неколку дневно забавување со вино и музика на уво. Се смее и ужива додека народот му осиромашува.

Дека Ковачевски и владата се целосно одлепени од реалноста покажува и фактот што потпишуваат меморандуми за брзи железници, а да биде апсурдот поголем, во Македонија се обраќа само еден воз и тоа на делница од 40-тина километри.

Не можат локомотива да поправат, не можат праг на пругата да сменат, не можат мост да реновираат, патници малку со воз, малку со автобус, малку пак со воз се тормозат, а се фалат дека ќе градат брза железница. Ако нарача уште едно шише од виното за домаќините, Ковачевски ќе потпише и меморандум за космодром“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ И порачуваат дека „отрезнувањето Ковачевски и оваа Влада ќе го имаат скоро на избори“.

Инаку, како што соопшти владината прес-служба, на македонската винска вечер во Белград присуствувале бројни гости од политиката, дипломатијата, стопанските комори од Србија, Црна Гора, Северна Македонија и медиуми.

Дегустацијата на посебните вкусови на македонските вина и храна била проследена со културно уметничка програма, настап на македонски џез оркестар и на естрадни уметници.

Пред два дена, претседателот на Србија Александар Вучиќ на својот профил на Инстаграм објави како тој, Ковачевски и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, уживаат во народна музика и вино во ресторан во Белград.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претрес во скопско Чучер Сандево, приведен дилер, пронајдени амфетамин, марихуана, масло од канабис

Следно

Белата куќа го критикуваше Илон Маск поради „неприфатливо“ одобрување на антисемитски твит

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop