ВИДЕО: Калвин Филипс позајмен на Вест Хем

January 26, 2024
1 min read

Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем денеска го официјализираше трансферот на англискиот репрезентативец од средниот ред Калвин Филипс, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на европскиот првак Манчестер сити.

Филипс дојде во Сити во летото 2022 година од Лидс, но не успеа да избори место во првиот тим на Пеп Гвардиола.

Изминатите 18 месеци Филипс одигра само 31 натпревар за Сити, а оваа сезона ниту еднаш не се најде во почетниот состав.

И покрај слабата минутажа во Сити, англискиот селектор Герет Саутгејт продолжи да смета на услугите на Филипс, кој со трансферот во Вест Хем ќе се обиде да избори првотимски статус и со тоа да ги зголеми своите шанси за настап на претстојното Европско првенство во Германија.

Филипс ќе остане во редовите на Вест Хем до крајот на сезоната, а клубот од Лондон ќе има можност во јуни да го откупи неговиот договор со Манчестер сити.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА НОВИОТ ЗАКОН ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЕДНА ГОДИНА ПОСЛЕ ПРВАТА ЈАВНА РАСПРАВА

Следно

ОГРОМНИ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ И ЗБОРОВИ ОД КОИ СЕ ТРЕСАТ СИТЕ: Северина ја напушти Хрватска и првпат се појави по тешкиот период, имаше што да порача!

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop