(ВИДЕО) ФСБ: Спречивме атентат на градоначалникот на Крим, планирале да му го кренат автомобилот во воздух

July 3, 2023
1 min read

Човекот наводно планирал да го разнесе автомобилот на Аксјонов, но бил фатен како ја извлекува бомбата од скривалиштето

Безбедносните сили спречија обид за атентат врз шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Уапсен е државјанин на Русија, роден во 1988 година, кој бил регрутиран од СБУ и кој поминал курс за извидување и субверзивни активности на територијата на Украина, вклучително и обука за мински експлозиви, се вели во соопштението.

Човекот наводно планирал да го разнесе автомобилот на Аксјонов, но бил фатен како ја извлекува бомбата од скривалиштето. ФСБ отвори кривична постапка за обид за терористички напад и нелегално набавување експлозиви. Тие тврдат дека осомничениот го признал делото, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Инаку, во мај беа објавени извештаи и за спречената серија терористички напади на Крим, кои, меѓу другото, беа насочени и кон Аксјонов, претседателот на собранието Владимир Константинов и градоначалничката на Јалта, Јанина Павленко. ФСБ тогаш го обвини Роман Машовец, заменик-шефот на кабинетот на Владимир Зеленски дека е директен организатор на терористичките напади.

ФСБ објави и видео од сослушувањето во кое уапсениот признава дека планирал да го разнесе автомобилот кога поминувала поворката на Аксјонов.

„Во декември 2022 година бев регрутиран од специјалната служба на Украина и кураторот Игор, добив повик и поминав обука на полигонот за субверзивни работи, маскирање, избегнување прогон и слично. Добив задача да одам на Крим, во Симферопол. За почеток, требаше да изнајмам куќа, да купам телефон, да се вработам. Секој ден контактирав со Игор чекајќи дополнителни инструкции. Ја чекав адресата на која се наоѓаше автомобилот за да поставам мина во него. Подоцна требаше да го поставам овој автомобил на улицата ‘Севастополскаја’ за да ја разнесам поворката на Сергеј Аксјонов Валериевич“,

вели осомничениот.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Франција: 157 лица приведени за време на протестите поради полициското убиство на тинејџер

Следно

Гвардиол е најскап дефанзивец на сите времиња, се договори со Сити!

Latest from Blog

Лула: Американската воена интервенција во Венецуела би била хуманитарна катастрофа

Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен

Њукасл водеше, Челзи израмни… екстра дерби на стартот на колото

Фантастичен дуел на стартот на денешната програма во Премиер лигата одиграа екипите на Њукасл и Челзи во пладневниот термин. Конечните 2:2 можеа да бидат сосема поинакви, односно резултатот многу лесно можеше да

Коњановски: Младите од Битола јасно порачаа – насилството нема место меѓу нас

Во спортската сала на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола денеска се одржа меѓуучилишен танцов натпревар „Танц против насилство“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото и дигиталното насилство меѓу младите.
Go toTop