ВИДЕО: Експлозија во пристаништето во Лос Анџелес: Запалени опасни материјали, прогласена вонредна состојба

November 22, 2025
1 min read

Во пристаништето во Лос Анџелес денес е прогласена вонредна состојба поради голем пожар на товарен брод што складира опасни материјали, објавија локалните власти.


Повеќе од 100 пожарникари беа распоредени за гаснење на пожарот , но според локалните власти, нема жртви или повредени, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Пожарот бил пријавен во 18:38 часот по локално време под палубите на контејнерскиот брод „1 Хенри Хадсон“, долг 330 метри, а експлозија се слушнала кратко пред 20 часот, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес.


Опасни материјали биле складирани во неколку товарни контејнери кои биле зафатени од пламен, а сите пожарникари носеле заштитни одела и маски за кислород.

Специјално обучени тимови за опасни материјали го следат квалитетот на воздухот додека продолжуваат напорите за локализирање на пожарот на долните палуби на бродот.


Според „Вестидел“, товарниот брод што се запалил пловел под панамско знаме и пристигнал во пристаништето Лос Анџелес од Токио.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

OpenAI воведува групни разговори во ChatGPT

Следно

Огромни поплави во Грција: Свлечишта заробија жители во повеќе области, драма на Крф (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп гради европска иднина преку инвестиции и соработка

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при што во фокусот биле европските вредности и искористувањето на европските фондови за развој

Коњановски и Божиновска: Поддршка за зелени проекти и иновации во Битола

Денеска градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која е во посета на општината. На средбата се дискутираше за енергетската иднина

Европски стандарди во Охрид: „Баткоски“ го претвора стоматолошкиот третман во туристичко искуство

Сè повеќе Италијанци доаѓаат во Охрид по поубава и здрава насмевка. Кон крајот на март и почетокот на април градот очекува нова организирана група посетители од Италија што доаѓаат за стоматолошки третман

Виткоф: Состанокот меѓу Путин и Зеленски е клучен поради прашањето за територии

Можна средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот диктатор Владимир Путин би можела да ги реши преостанатите точки на застој во мировниот план поддржан од САД, изјави специјалниот претставник на САД,

Меџити: Продолжуваат инфраструктурните инвестиции во Чаир

Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Како што соопштија од
Go toTop