ВИДЕО: Двајца застрелани и девет повредени на американски универзитет

December 14, 2025
1 min read

Пријавена е пукотница на кампусот на Универзитетот Браун во Род Ајленд во САД, а според последните информации, осомничениот не е уапсен, пишува CBS News. Полицијата потврди дека две лица се застрелан, додека девет лица се повредени.


Полицијата во Провиденс објави краток опис на вооружениот маж по кого трагаат. „Во овој момент имаме само прелиминарен опис: станува збор за маж облечен во црно“, изјави началникот на полицијата во Провиденс, Тимоти О’Хара, на прес-конференција.

„Не е познато како влегол во зградата, но знаеме дека излегол од страната на комплексот на улицата Хоуп“, додаде О’Хара.


Полицијата добила пријава за активен стрелец во зграда на Универзитетот Браун, а полицајците влегле во зградата, но не го пронашле осомничениот, рече тој.

„Ги користиме сите расположиви ресурси за да го пронајдеме овој осомничен“, рече О’Хара.



Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 14 декември 2025 година

Следно

Можеби Реал Мадрид ќе има нов тренер, ама тоа сигурно нема да биде Клоп!

Latest from Blog

Петрушевски: Упорноста, транспарентноста и борбата за правда даваат резултати, Обвинителството отвори предмет за Клиничка болница Жан Митрев

По повеќе од 10 прес-конференции, јасна аргументација и упорно инсистирање на вистината, конечно институциите мораа да реагираат, напиша на Фејсбук пратеникот, Бране Петрушевски. Јавното обвинителство денес потврди дека е започната постапка за
Go toTop