(ВИДЕО) Д-р Чибишев за никотинските кесички: Да се продаваат и консумираат под строга контрола

October 22, 2023
1 min read

Што подетално значи за организмот и за здравјето на еден млад човек употребата на никотинските кесички или популарно наречени „снус“ и каква е лекарската препорака – разговаравме со професорот Андон Чибишен, клинички токсиколог. Тој смета дека никотинот е особено токсичен за млад организам, а наместо за одвикнување од зависноста од цигари, вака младите стануваат зависници од никотин

Д-р Андон Чибишев – универзитетки професор, Клиника за токсикологија / фото: „360 степени“

360°: Професоре Чибишев, колку Вам, на лекарите на Клиниката за токсикологија, Ви се познати информации за достапноста и содржината на никотинските кесички или популарно наречени „снус“?

Чибишев: „Ние ја пратиме проблематиката посебно во делот на хемикалии кои можат да предизвикаат труење кај човечкиот организам. Можеби не многу, меѓутоа имаме доволно информации, повеќе од медиумите, и достапна литература од која знаеме за каква супстанца се работи, знаеме дека веќе ја има кај нас на пазарот, дистрибуирана е, се продава и знаеме дека различни возрасти на индивидуи ја купуваат и ја користат. Значи, возрасти од 12 години, па нагоре ја купуваат и ја користат.

360°: Какво е влијанието, посебно кај тинејџерите?

Чибишев: Сакам да нагласам дека влијанието на оваа хемикалија, која практично е чист никотин, е многу неповолно баш кај оваа возраст до 18 или 20 години, да кажеме, затоа што употребувана долго време може да влијае на нивниот физички, па и ментален развој. Има многу неповолно дејство на централниот нервен систем, ја смалува можноста за правилно размислување и расудување. Влијае на меморијата, ја намалува способноста за памтење и нормално, заради тоа го пореметува процесот на учење. Тоа се возрасти кога, нели, младите се школуваат, треба да учат и да го научат тоа што им е дадено како материја, да го совладаат. Честопати се жалат на главоболки, вртоглавици, па се изложени заради вртоглавица на одредени несакани повреди, знаете, кога ќе се јави вртоглавица, може да изгубиш рамнотежа, да паднеш и да се повредиш. Се пореметува сонот, не спијат доволно, се пореметува видот, се пореметува апетитот, значи многу последици остава посебно кај младата популација.“

Разговорот со Чибишев погледнете го во видеото:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„По посетата на Бајден има подобрување на состојбата, преминот е отворен, а Израел не бомбардира“, вели Ахмед Беншемски

Следно

Аналитичарот Вакнин за ТВ21: Израел не може да ја добие оваа војна, армијата е во лоша состојба

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop