(ВИДЕО) Авион се запали на аеродром во Токио

January 2, 2024
1 min read

Според портпаролот на „Џапан ерлајнс“, во авионот „JAL 516“, кој полетал од аеродромот „Њу Читозе“ во Хокаидо, имало повеќе од 300 патници

Авион на компанијата „Џапан ерлајнс“ се запалил при слетување на аеродромот Ханеда во Токио.

Јапонските медиуми пренесуваат дека пламен излегува од прозорците на авионот и од под него, а гори и пистата.

Јапонскиот медиум НХК, повикувајќи се на информации од властите, соопшти дека авионот по слетувањето на аеродромот Ханеда можеби се судрил со авион на јапонската крајбрежна стража.

Според портпаролот на „Џапан ерлајнс“, во авионот „JAL 516“, кој полетал од аеродромот „Њу Читозе“ во Хокаидо, имало повеќе од 300 патници.

„Гардијан“ пренесува дека вкупно 379 патници и членови на екипажот на авионот на „Џапан ерлајнс“, наводно, се евакуирани.

Од видеото објавено од „Скај њуз“ се гледа дека на пистата веќе има противпожарни возила кои го гаснат авионот што гори.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Независниот синдикат на државната администрација: Функционерите ќе добијат 400 евра покачување на платата

Следно

Во масовна тепачка се испотепале жители на Скопје и Свети Николе

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop