(ВИДЕО) Агелер: Злоупотребите на Камчев се и предавство на граѓаните на оваа земја

July 20, 2023
2 mins read

Агелер денеска рече дека не може да каже која е следна личност што ќе заврши на листата, потенцираше дека има повеќе личности и организации кои се разгледуваат, при што нагласи дека за никој одлуките не се лични или политички мотивирани. Меѓу пораките што ги испрати амбасадорката кон домашната јавност и институциите е дека за Северна Македонија да ги надмине предизвиците и да ја исполни целта за продуктивна и ценета членка на ЕУ, корупцијата не може туку така да минува

Бизнисменот Јордан (Орце) Камчев, кој од вчера се наоѓа на „црната листа“ на САД, според американската амбасадорка Анџела Агелер, со своите постапки извршил и предавство на граѓаните на Северна Македонија.

„Злоупотребата на законот, позицијата, перењето пари, подмитувања и други прекршоци во кои учествувал Орце Камчев, не само што ја еродираат довербата на јавноста во судскиот систем на Северна Македонија, туку и претставува значајно предавство на граѓаните на оваа земја“,

рече Агелер на денешната прес-конференција.

Камчев заврши на „црната листа“ со одлука на американското Министерство за финансии. За злоупотребите кои ги констатираа американските власти во својата изјава зборуваше и потсекретарот на Министерството, Брајан Нелсон.

„Господинот Камчев ја злоупотреби својата положба со преземање коруптивни активности и спроведување агенда за своите потреби на сметка на демократските институции и граѓани на Северна Македонија“,

гласеше изјавата на Нелсон цитирана во вчерашното соопштение на Министерството.

Очекувањата на САД се дека корумпираните во Северна Македонија ќе одговараат за што и Агелер денеска упати директна порака. За земјава да ги надмине предизвиците и да ја исполни целта за продуктивна и ценета членка на ЕУ, нагласи амбасадорката, корупцијата не може туку така да минува.

Но, одговорноста, според нејзината изјава, треба да дојде од постапките и одлуките на домашните институции.

„Не е на мене, како амбасадорка на САД во Скопје, да ѝ кажам на која било институција што таа, како продолжение, треба да направи. Нотирам, како што тоа и други го направиле, дека ние бевме во можност да најдеме доволно докази, да утврдиме дека овие лица се одговорни, да ги повикаме на одговорност, и тоа го направивме преку собирање информации овде, во оваа земја … Не станува збор за информации што сме ги собрале во Вашингтон, што значи дека информациите биле достапни. Соработувавме со домашните институции за да ги развиеме овие случаи, исто како и нашите колеги во Вашингтон“,

зборуваше Агелер додавајќи дека тие не се тука за да апасат некого или да почнат случај против некого.

Но, според неа, интересно ќе биде да се види кои ќе бидат следните чекори.

Камчев е втор што за еден месец се најде на американската „црна листа“ поради корупција. Претходно, под американски санкции беше ставен и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, од ДУИ. А ќе има и други. Агелер денеска рече дека не може да каже која е следна личност што ќе заврши на листата, потенцираше дека има повеќе личности и организации што се разгледуваат, при што нагласи дека за никој одлуките не се лични или политички мотивирани.

Амбасадорката уверува дека и во иднина САД ќе ги користат сите алатки за да повикаат на одговорност за оние што ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на владеење.

„Се надевам дека неодамнешните чекори на Вашингтон јасно покажаа дека САД можат и ќе продолжат да ги користат сите и кои било алатки кои ги имаат на располагање за да ги повикаат на одговорност оние лица и организации чии криминални активности ја поткопуваат безбедноста, стабилноста и вредностите на владеење на Република Северна Македонија, без оглед на нивната позиција, политичка припадност или времето на злоупотребите“,

рече Агелер.

Министерството за финансии вчера го карактеризираше Камчев како корумпиран бизнисмен кој интензивно се занимава со корупција, вклучително и со злоупотреба на службената положба, перење пари и други незаконитости повеќе од една деценија, односно од раните 2000-ти.

Во соопштението потсетија дека тој досега беше осуден во судскиот процес „Плацови на Водно“ поради учество во шема за перење пари преку нелегално купување земјиште, како и дека признал вина во случајот „Империја“ во кој станува збор за злосторничко здружување, измама, перење пари и други кривични дела поврзани со неговите бизниси. Во соопштението беше наведено и оти со неговото корумпирано однесување придонел за колапсот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а како резултат на тоа многу случаи на висока корупција што СЈО ги истражуваше стагнираа и остануваат нерешени, со што се одложува понесувањето одговорност од многу поединци кои се занимавале со корупција слично како Камчев.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Бугарија се празнува Илинден, опозицијата ја обвини власта за попустливост кон С Македонија

Следно

Украина почна да ги користи касетните бомби, објавија американски медиуми

Latest from Blog

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се

Министерство за енергетика: Гасоводот со Грција напредува, се подготвува поврзувањето со Србија

Изградбата на гасоводот со Грција напредува, паралелно се подготвува интерконекторот со Србија и се спроведуваат технички проверки за ставање во функција на домашните гасоводни делници, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и
Go toTop