ВИДЕ: Нусрет го хранел тренерот на Арсенал со бифтек од 5.000 дирхами – видеото насмеало многумина и станало предмет на потсмев

January 15, 2024
1 min read

Турскиот готвач Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае, станал предмет на шеги откако на социјалните мрежи се појавило видео во кое со бифтек го храни тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Имено, Артета ја посетил „steakhouse“ на Нусрет во Дубаи каде најскапото нешто кое може да се проба е златен бифтек од 5.000 дирхами.

На видеото се гледа како Артета го гледа Гокче како го сече бифтекот, а потоа готвачот му става парче од месото во уста.

Видеото станало тотален хит на социјалните мрежи, а луѓето почнале да се шегуваат на сметка на готвачот и тренерот.

„Неее, Микел. Не јади бифтек од неговата виљушка, ќе станеш предмет на шега“, коментирал некој корисник на „X“, а други се пошегувале на сметка на способностите на готвачот.

„Моментот кога ќе сфатиш дека Салт Бае не знае да подготви бифтек“, напишал друг корисник.

Во продолжение погледнете уште некои шеги на сметка на славната двојка:

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж со својот автомобил се забил во ограда, со тешки повреди пренесен во болница

Следно

ФОТО: Фаталната љубовница го „почестила“ еден од најбогатите луѓе на светот: Она што го облекла за неговиот роденден е чиста перверзија

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop