Вестбрук погоди тројка без една патика против Лејкерс (ВИДЕО)

January 24, 2024
1 min read

Тимот на Лос Анџелес Клиперс влезе максимално мотивиран во градското дерби со Л.А Лејкерс, а на крајот стигна и до победата и до прекинување на негативната серија во меѓусебните дуели.

Најголемите ѕвезди на Клиперс имаа одлична вечер, Ленард стигна и до трипл-дабл, а Расел Вестбрук е хит меѓу НБА фановите поради еден потег реализиран уште во првиот период.

Вестбрук првично се обиде да ја облече, па реши да ја отстрани едната патика додека предводеше напад на Клиперс. Иако се чинеше дека само ќе се ослободи од топката, повторно ја доби од својот соиграч, реши да шутира тројка и погоди.

До крајот на средбата Вестбрук реализираше 16 поени, а имаше и 6 скокови и 3 асистенции.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ останува глобален маргиналец

Следно

Со неговите песни, сеќавања и манифестации, Крушево ќе го одбележи 43. роденден на Тоше

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop