Весли Кларк стана почесен граѓанин на Чаир – го водеше НАТО бомбардирањето во 1999 година

November 13, 2024
1 min read

Американскиот генерал Весли Кларк беше пречекан со аплауз и одликувања во Албанскиот театар во Скопје.

Тој ја доби титулата „Почесен граѓанин“ на општина Чаир, притоа изразувајќи ја својата радост што во Скопје гледа мир, просперитет и ентузијазам.

„Денеска е голема привилегија за мене и мојот син, кој е тука. Задоволство е да се биде овде во Скопје, да се види мир, просперитет и да се почувствува ентузијазам, за да се надеваме, да веруваме во иднината“, вели Весли Кларк.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, рече дека генералот Кларк дал моќен пример за идните лидери дека секој чекор што го преземаат мора да биде исполнет со одговорност, за да се заштитат оние кои се послаби.

„Денес имаме посебна можност да оддадеме почит на една извонредна личност, лидер кој не само што водеше хуманитарна операција,туку  со моќта на своето влијание тој ја обликуваше и ориентираше визијата за побезбеден, поправеден и постабилен свет. Генералот Весли Кларк беше како гулаб на мирот, но облечен во воена униформа, чиј придонес е колосален во воспоставувањето стабилност и благосостојба“, вели Висар Ганиу.

Инаку, во 1997 година Весли Кларк беше назначен за врховен командант на Обединетите сили на НАТО за Европа, а на 23 март 1999 година од генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана ја доби наредбата за почеток на воена реакција за геноцидот во Косово од поранешна Југославија.

Одлуката за бомбардирање на тогашната Сојузна Република Југославија беше донесена, првпат во историјата, без одобрение на Советот за безбедност на ОН.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранието се претставија кандидатите за членови во Советот на АВМУ

Следно

Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во
Go toTop