Верстапен: Загрижен сум…

March 3, 2025
1 min read

Формула 1 возачот Макс Верстапен е загрижен пред почетокот на сезоната во Формула 1. Шампионот по официјалните тестирања во Бахреин не е најуверен во болидот на Ред Бул за следната сезона.

„Мислам дека имавме пристојни тестови. Имавме неколку ситни проблеми, ама генерално успеавме да завршиме доста работи кои ги планиравме. Не беше лошо, ама и натаму имаме работа. Сезоната почнува за две седмици во Мелбурн, а тогаш ќе биде познат распоредот на силите. 

Беше како што очекувавме, продолжуваме да работиме и ќе се обидеме да се подобриме. Се надевам дека ќе бидеме подготвени за Мелбурн, ќе научиме уште нешто и ќе видиме до каде сме. Не очекувам дека ќе бидеме најбрзи. Во исто време тешко е да се процени вистинското темпо“, изјави Верстапен.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Добитници на Оскар 2025: Еве кој си замина дома со статуетката

Следно

Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop