Верникот Филипче изгубен во времето, раѓањето и јавувањето, исто како и неговата атеистичка партија

January 20, 2026
2 mins read

Жално е што претседателот на СДСМ Венко Филипче не знае по која црковна традиција се води црквата, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ на соопштението со кое СДСМ се обидува да претстави дека Филипче не направил лапсус кога вчера на големиотхристијански празник Водици наместо со поздравот „Бог се јави“, ги поздрави верниците со „Бог се роди“.

„Помалку смешно изгледа што СДСМ секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква. ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДСМ Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав, честиташе со поздравот „Бог се роди“, што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Немаше потреба, се додава, безидејниот СДСМ да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ и дека целата јавност не видела дека Филипче не згрешил.

„Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и во просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да е СДСМ српска колонистичка партија и експозитура на српската политика. Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Во соопштение со наслов „ВМРО религиозни дезинформации“ опозициската СДСМ на чело со Филипче вели дека  ВМРО-ДПМНЕ дури и на голем верски празник се обидува да го исмее претседателот на СДСМ, поради неговиот поздрав на празникот Богојавление Водици.

 

 

Можеби така му рекле од Вселенската патријаршија, која ја ословува МПЦ ОА со Црква од С… Македонија?!

И неговата СДС е изгубена во времето и идеологијата.  Како што од најантимакедонска стнаа демек патриотска партија, сега и од ултра-либерална и атеистичка стана најпобожна направија, чиниш некој ќе им поверува. Изгубени во времето, пак, дефинитивно. Во саботата најавија прес во СРЕДА. За неполни пет минути го корегираа времето од 13.30 во 13.15, од уплав да не им дојде некој непосакуван новинар и да не праша нешто што не треба (најавата ја пуштија во 12.30), ама СРЕДА си остана кај дилајлите од Бихаќка.

Та, ако сабота може да биде среда, зошто Венко не може да поздравува со Бог се роди наместо со Бог се јави.

Ќути што не ја утна со Христос воскресе. Па ни се случило на сите, да не се лажеме.

Искрено, се случува секому, човечки е да се греши.

Уште почовечки е да се извиниш и насмееш за грешката, а не ко ќелепури да хејтате, делите ум, се чаламите, навредувате и скокате ко да некој ви брцнал во око…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прогласена тридневна жалост во Шпанија – бројот на жртви се искачи на 40

Следно

Невронаучник од Стенфорд открива утринска навика што го менува животот

Latest from Blog

Меџити: Со 42 милиони евра се гради новиот универзитетски кампус во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека денеска бил поставен камен-темелникот на новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проект кој го оцени како историски момент за образованието. Според него,

Македонски весник “Илинден“ петнаесет години ѕвезда Деница за македонскиот збор

Одбележување на годишнината од првиот број на гласникот на Македонците во Албанија Петнаесет години истрајност и посветеност – весникот „Илинден“ е жив хроничар на македонската заедница во Албанија, чувар на јазикот и

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно
Go toTop