Вело-бусот повторно ќе се вози низ Центар

September 26, 2024
1 min read

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје и Општина Центар повторно организираат возење на вело-бус низ Дебар Маало.

Децата, заедно со возрасните, ќе возат низ населбата, ќе се чекаат на пет вело-бус постојки низ населбата и заедно, безбедно, ќе стигнат до градинката 13 Ноември и основното училиште Коле Неделковски.

По 4-те успешни возења на вело-бусот низ Кисела Вода, Гази Баба, Дебар Маало и Аеродром, Гоу Грин повторно соработува со Општина Центар за уште еден круг безбедно возење со деца од нивните домови до нивното училиште или градинка.

За таа цел ги покануваат сите деца и родители овој петок да им се приклучат од 7:30 до 8:00 часот на возењето низ Дебар Маало.

Место на чекање е пред бараките на Општина Центар.

Времето е 7:30 часот во петок, 27.09.2024.

А рутата по која ќе вози вело-бусот и на која ќе ги собира дечињата од постојките може да се погледне тука

– https://www.google.com/maps/d/u/0/edit?mid=1NNM-6vhp19ScExZSokd_P7TKncW9Is8&ll=41.99798820246953%2C21.45698030000001&z=13

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците

Следно

Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop