Велика Британија ги соопшти темите за самитот на Берлинскиот процес во Лондон: Миграцијата е на прво место

June 23, 2025
2 mins read

(Амбасадата на Обединетото Кралство го објави воведниот коментар на специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, за претстојниот есенски самит на Берлинскиот процес во Велика Британија)

За Обединетото Кралство, инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална неизвесност и непредвидливост. Во исто време, нашата цел е да им помогнеме на земјите од регионот да ја завршат својата евроатлантска интеграција и да обезбедат подобар, постабилен и попросперитетен живот за своите граѓани.

На 22 октомври, британскиот премиер, Сер Кир Стармер, ќе биде домаќин на лидерите од Западен Балкан на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, како дел од годината во која Обединетото Кралство е претседавач со оваа европска иницијатива. Премиерот и неговите регионални колеги, заедно со 9 европски партнери и ЕУ, ќе ја унапредат соработката на проекти во 3 клучни области: миграција и криминал, безбедност и раст. Ќе соработуваме непосредно со регионалните невладини организации и меѓународните финансиски институции за да постигнеме резултати во однос на овие столбови.

Сакаме да се погрижиме дека 2025 година ќе го означи почетокот на период во кој ќе се реализира потенцијалот на регионот. 80-годишнината и 30-годишнината од крајот на Втората светска војна и Сребреница нè потсетуваат на големите зла што им се случија на луѓето од регионот во минатото. Наследените предизвици остануваат, некои од нив се длабоки, како што покажува моменталната криза во Босна и Херцеговина. Сепак, 80-годишнината од основањето на Обединетите нации, 50-годишнината од Завршниот акт на Хелсинки и 30-годишнината од Дејтонскиот/Парискиот договор можат да нè насочат и кон иднината и да нè потсетат на она што може да се постигне преку имагинацијата, толеранцијата и помирувањето.  

Како домаќини на Берлинскиот процес, ќе се потпреме на нашата историја на помирување на Обединетото Кралство и ќе се осврнеме на тоа како навистина изгледаат добрососедските односи и врските меѓу заедниците во пракса и ќе го споделиме нашето искуство за повеќеслојниот идентитет со нашите партнери и пријатели од Западен Балкан.

Исто така, ќе промовираме можности за зголемување на економскиот раст во насока на унапредување на евроатлантската интеграција, имајќи ја предвид огромната желба на граѓаните од регионот да се приклучат кон ЕУ, а во многу случаи и кон НАТО. Ќе ги прошириме врските меѓу оние што го претставуваат граѓанското општество, младите и родовата еднаквост и ќе ги славиме културата и креативните индустрии на земјите во регионот. Ќе ги поттикнеме учесниците во пронаоѓањето на меѓусебни области за соработка и иновации, а истовремено ќе ги поттикнеме и во изнаоѓањето на конкретни начини за спроведување на обврските од претходните години во пракса. На пример, од различни причини, напредокот со личните карти и признавањето на квалификациите за високо образование е во застој. Ќе бараме креативни начини за постигнување на меѓусебно признавање и олеснување на патувањето низ целиот регион. Ќе ја поддржиме брзата имплементација на двата договори за признавање на професионалните квалификации и ратификацијата на договорот за пристап до високо образование и прием на студиски програми. Тоа ќе направи вистинска разлика за луѓето од шесте земји од Западен Балкан.

Обединетото Кралство ја ревитализира својата улога во Европа, а клучен дел од ова е зајакнувањето на нашите партнерства во Западен Балкан. Првата посета на британски премиер на Албанија и посетите на министерот за надворешни работи, Дејвид Лами, на Косово, Србија и Босна и Херцеговина го нагласуваат овој освежен пристап. Обединетото Кралство долго време игра клучна улога во регионот и ќе продолжи тоа да го прави, преку поддржување на стабилноста, безбедноста и просперитетот, а воедно и преку поддршка на земјите во модернизирањето на нивните економии и заземањето на нивните заслужени места во една ваква модерна Европа. Подготвени сме да ги зајакнеме овие партнерства за да помогнеме во завршувањето на оваа важна работа.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руска осуда на американските напади врз ИРАН во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија

Следно

Период на топло време – температури до 40 степени од среда до петок

Latest from Blog

Израел напаѓа позиции на Иранската револуционерна гарда во Техеран

Израелската војска ги напаѓа позициите на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) во Техеран, изјави денеска портпаролот на ИДФ, Ефие Дефрин. Според него, израелската војска го таргетира седиштето на ИРГЦ. Воздухопловните сили ги нападнаа

Топлотен бран

Вообичаено топло време за овој период од годината. Граѓаните со различни пристапи кон разладување и заштита ос сончевите зраци. Помладите велат дека топлото време не им смета и дека времето го користат

Путин: Нападите врз Иран се „непровоцирана агресија без никакво оправдување“

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес ги опиша нападите врз Иран како „непровоцирана агресија“ без никакво правно или морално оправдување, јавува Анадолу. „Апсолутно непровоцираната агресија врз Иран нема никаква основа

Беџети: Коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии!

На денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави дека коалицијата ќе се зголемува, но не само со политички партии. Уште еднаш ги повика ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ на
Go toTop