Велика Британија ги повика земјите кои ѝ помагаат на Украина да „не се откажуваат“

October 3, 2023
1 min read

ВАРШАВА (АА) – Државниот министер за вооружени сили на Велика Британија, Џејмс Хепи, рече дека земјите не треба да се откажат поради падот на залихите на оружје, и додаде: „Ние мора да ја поддржиме Украина во војната вечерва и утре и задутре“, пренесува Анадолу.

Хепи, кој зборуваше на Безбедносниот форум во Варшава, Полска, изјави дека Велика Британија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека тоа е нешто природно.

Истакнувајќи дека земјите не треба да се откажат поради намалените залихи на оружје, Хепи рече:

„Ние мора да ја поддржиме Украина во војната вечерва и утре и задутре. Ако престанеме, тоа автоматски не значи дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе престане, тоа значи дека добил можност да ги оствари целите што ги имаше во првата фаза.“

Тој, исто така, подвлече дека земјите мора да ги надополнуваат своите сѐ помали залихи оружје секој ден, укажувајќи на важноста од зголемување на темпото на производство.

– „Решивме да се подготвиме уште подобро“

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, истакна дека согласно со новата одбранбена стратегија на НАТО, во првиот месец може да бидат распоредени 300.000 војници во случај на евентуален напад врз Алијансата.

Меѓу другото, тој истакна дека мора да бидат подготвени против лош и сѐ поагресивен непријател.

„Затоа во 2019 година почнавме да размислуваме и да ја менуваме нашата воена стратегија, ова го отвори патот за подетални планови, кои беа одобрени во Вилнус“, рече Бауер.

Бауер, исто така, истакна дека Командата на здружените сили на НАТО има развиено регионални планови, додавајќи: „Решивме подобро да се подготвиме за да имаме повеќе борбени групи на источното крило.“

Меѓу другото, министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, истакна дека ќе ја поддржуваат Украина се додека ѝ треба.

„Свесни сме дека Украина води важна борба за сите нас, и дека тие се борат за своето право да живеат во суверена и независна земја. Затоа, тие ја заслужуваат нашата поддршка на секој начин“, додаде Петровска.

Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец нагласи дека НАТО ќе биде успешен само ако биде заедно, и рече: „Мораме да бидеме свесни дека сите заедно можеме да успееме. Многу сум среќен што немало мозочна смрт на НАТО.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас се запозна со родителите на Заев: Се надеваме дека им кажал оти има сериозни намери со нивниот син

Следно

Мицкоски: Спасовски да ја напушти Владата ако не се согласува со законот за амнестија

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop