Вечерва во 360° на МРТ 1: Интервју со премиерот Ковачевски за случајот со Вања, изборите, критиките од ЕК…

December 7, 2023
1 min read

Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, се емитува вечерва (7 декември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1

Вечерва (7 декември 2023 г.) од 20:15 часот во „360 степени“ на МРТ 1 гостува премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.  Имало ли доцнење во истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како што тврди опозицијата? Чиј е Љупчо Палевски-Палчо? Ковачевски го прашуваме и зошто се согласи на двојни избори кога долг период зборуваше дека прво ќе се случат претседателските, а потоа парламентарните. Зошто да се укине пржинската влада, дали СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ќе настапат со заеднички листи, кој ќе биде претседателски кандидат, дали ќе прифати предизборно соочување со Христијан Мицкоски, какви му се односите со Зоран Заев, дали новиот антикризен пакет е предизборен поткуп на гласачи, зошто Владата не собра храброст да покаже базична самокритичност по извештајот на Европската комисија – се дел од другите теми за кои разговараме со премиерот.

Емисијата се емитува од 20:15 на МРТ 1.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиецот Палчо има имот во зградата на Вања, грабната во влезот, а врзувана и изнесена преку подрумите

Следно

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Северна Македонија

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop