Вечерва сите навиваме за Македонија: Нашата репрезентација на мегдан против Холандија, борбеноста и пожртвуваноста можат да донесат позитивен резултат – само храбро момци!

January 17, 2025
1 min read

Вечерва со почеток од 18:00 часот македонската ракометна репрезентација ќе го одригра својот втор натпревар во рамките на Светското ракометно првенство против селекцијата на Холандија.

Избраниците на Лазаров вечерва ќе имаат тешка задача против лалињата. Имајќи го прдвид настапот од претходното коло во рамките на првенството, и покажаната борбеност и истрајност можеме да очекуваме само позитивен резултат.

Македонија на првиот натпревар од ова првенство против Унгарија одигра нерешено со резултат 27:27, но не не послужи среќата и за само момент изгубивме голем бод, односно победа.

Борбеноста, пожртвуваноста и истрајноста вечерва треба да им бидат ѕвезда водилка на македонските репрезентативци, а со цел продолжување на сонот за што подобар пласман на ова светско првенство.

На крај, мора да му се одаде и признание на македонскиот селектор, Кирлил Лазаров кој за ова првенство создаде одлична екипа која може да парира и да се носи со големи репрезентации од калибарот на Унгарија.

Во рамките на групата Д во првото коло од ова натпреварување, Холандија ја совлада Гвинеја со резултат 40:23, а Македонија и Унгарија одиграа нерешено 27:27.

Распоредот на табелата во оваа група е следен:

1. Холандија 2,

2. Унгарија 1,

3. Македонија 1,

4. Гвинеја 0

Вечерва сите навиваме за Македонија… Само храбро момци…, одиме на победа…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас ги повика посредниците за прекин на огнот да ги запрат израелските „масакри“ во Газа

Следно

Турскиот министер за надворешни работи утре во работна посета на Азербејџан

Latest from Blog

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop