Веб-страницата на „Илинден“-Тирана доби англиска верзија

February 4, 2026
1 min read

Сајтот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, покрај на македонски и албански, сега е и на  англиски јазик.

Потребата на времето е сајтот да биде и на англиски јазик, со цел достап до него да имаат многу поголем број следбеници. Тоа беше наша замисла од поодамна, која сега ја реализиравме, па може нашите активности, работа и ангажираност да бидат следени и надвор од македонското и албанското јазично подрачје, рече за Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Македонското друштво „Илинден“ е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Република Албанија. Мисија која продолжува со несмалена динамика.

Исто така, друштвото е рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 15 мај 2015 година и редовно учествува на сите конгреси на ФУЕН, каде поднесува резолуции чија содржина и намера е подобрување на животот на Македонците во Република Албанија. Истите се  едногласно усвоени и се доставени до сите државните институции на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија, нагласи Ѓурѓај.

Во функција на рамноправен член ФУЕН и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при унијата, активно го подига прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Португалскиот репрезентативец има 150 голa во кариерата, ниеден со глава

Следно

Барса не доволи ново изненадување и го елиминираше Албасете од Купот на Кралот

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop