Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

March 18, 2026
1 min read

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да ги запре нападите врз Либан.

Паролин, кој е главен советник на папата Лав Четиринаесетти, истакна дека воените операции мора да завршат во најкраток можен рок и дека Либан треба да биде „оставен на мир“. – Би рекол дека тие треба да ја завршат операцијата колку што е можно поскоро. Оваа порака се однесува и на Израелците –  изјави кардиналот, нагласувајќи ја потребата од итна деескалација за да се спречи понатамошно ширење на конфликтот на Блискиот Исток.

Ватикан со загриженост го следи ширењето на воените дејствија и хуманитарните последици, апелирајќи до светските лидери да се вратат на патот на дипломатијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Следно

Nikolloski: Saveski do të jetë i pari që do të vendosë drejtësi në vend, nuk guxon besimi qytetar në gjyqësorë të ngelet dy për qind

Latest from Blog

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март

Познати четвртфиналните двојки: Дуели на титаните во Париз, Мадрид и Барселона

Со завршувањето на вечерашните четири реванш осминафинални пресметки во Лигата на шампионите, одредени се сите учесници во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Барселона –
Go toTop