„Вашингтон пост“: Тајната служба пронашла кокаин во Белата куќа

July 4, 2023
1 min read

Прелиминарното теренско тестирање, на кое се повикува „Вашингтон пост“, а кое покажа дека белата прашкаста материја е најверојатно кокаин, не е конечно. Примерок од супстанцата е испратен на натамошно лабораториско испитување за да се утврди за каква точно материја се работи, а ќе се испитува и како таа се нашла во Белата куќа

Белата прашкаста материја, која беше пронајдена во неделата вечерта во Белата куќа и што предизвика привремена евакуација на претседателскиот комплекс, најверојатно е кокаин, покажуваат прелиминарните теренски тестирања, кои денеска ги објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од истрагата.

Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / ABACA

Ова тестирање не е конечно, а примерок од супстанцата е испратен на натамошно лабораториско испитување за да се утврди за каква точно материја се работи. Ќе се испитува и како таа се нашла во Белата куќа.

Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, во изјава за Ројтерс вели дека прашкастата материја била пронајдена за време на рутинска контрола од страна на припадниците на Тајната служба во западното крило на Белата куќа. Западното крило е голем дел од Белата куќа на повеќе нивоа што ги содржи канцелариите на претседателот на Соединетите Држави, вклучувајќи ја Овалната соба, прес-салата, канцелариите и работниот простор за советниците и персоналот на претседателот.

„Во неделата вечерта, комплексот на Белата куќа беше затворен како мерка на претпазливост, бидејќи агентите на Тајната служба истражуваа непознат предмет пронајден во работната област“,

​​рече портпаролот на Тајната служба.

Тој не ги потврди прелиминарните резултати од тестот, велејќи дека материјата е испратена на дополнително тестирање и дека истрагата е во тек, вклучително и за тоа како супстанцата влегла во Белата куќа.

Претседателот Џо Бајден не бил во Белата куќа во моментот кога била пронајдена материјата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Конфискуваниот имот на Мијалков оди на лицитација

Следно

Трагедија во семејството на Владимир Волков, фудбалерот скршен од болка

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop