Васев за прислушкувањето на Мицкоски: Не бил цел сам за себе, целта е демократијата, ставот и идеологијата кои ги застапува

September 1, 2025
1 min read

Тоа што претседателот Христијан Мицкоски бил следен, прислушкуван и документиран од агенциите кои требале да се занимаваат со заштита на државата и нејзините интереси, е доказ дека не само што тие служби биле злоупотребени, туку и дека треба да се преземе целосна филтрација во безбедносниот системот, смета раководителот на партискиот истражувачки аналитички центар на ВМРО-ДПМНЕ, Светислав Васев.

Според него, директорите на АНБ и АР, нивните извршители во институциите, но и нивните наредбодавци од политиката треба да сносат одговорност.

-ЈО не смее да го игнорира овој случај, ниту на него да гледа латентно. Ова е сериозен индикатор дали и таа институција има капацитет, или навистина и таму треба целосно реформирање од корен. Или ќе се исчисти системот од темел или ќе ни се случуваат истите грешки постојано. Претседателот Мицкоски не бил цел сама за себе, целта е демократијата, ставот и идеологијата кои ги застапува. Целта била да се уништи политичкиот противник со сите средства, и тоа не смее да остане неказнето, вели Васев.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола ја градиме заедно со граѓаните

Следно

Луѓето масовно го напуштаат градот од соништата: Трошоците за живот драстично се зголемија, „луксузниот сон“ стана кошмар

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop