Вархеји: Во наредните недели ЕУ ќе претстави нов начин на размислување за проширувањето

September 29, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Европската Унија (ЕУ) работи на развивање механизми за забрзување на процесот на проширување за земјите кандидати, изјави еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, јавува Анадолу.

Изјавата на Вархеји следуваше по неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи во Мурсија, Шпанија.

„За неколку недели ќе видите како презентираме нов начин на размислување за проширувањето и пакет што сега ќе вклучува десет земји кандидати или земји со европска перспектива“, рече Вархеји.

„Во тој извештај ние не само што сакаме да продолжиме напред туку сакаме да обезбедиме и средства за забрзана интеграција“, додаде тој.

Тој истакна дека проширувањето и понатаму е процес заснован врз заслуги, напоменувајќи дека земјите кандидати ќе мора да ги исполнат сите критериуми за да станат членки на ЕУ.

Тој нагласи дека за време на состанокот министрите разговарале за тоа како би можеле да ги поддржат земјите кандидати да го забрзаат спроведувањето на реформите и почнале да бараат начини за забрзување на целиот процес.

„Во моментов ЕУ развива механизми за забрзување на пристапувањето на земјите кандидати до 2030 година“, рече Вархеји, додавајќи дека вистинското прашање е дали земјите кандидати дотогаш ќе бидат подготвени.

Како што објасни тој, нивниот план за поддршка на земјите кандидати се заснова врз четири столба што вклучуваат развој на стимулации за зајакнување на социоекономските реформи, создавање можности за постепена интеграција на овие земји на единствениот пазар, поинтензивни активности насочени кон реформи во областа на владеењето на правото и демократијата и обезбедување на потребните алатки за затворање на економскиот и социјалниот јаз пред самото пристапување во ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската полиција проверува пет локации во северниот дел на земјата поврзани со нападот во Бањска

Следно

Рашела Мизрахи ќе претседава со Анкетната комисија која ќе го истражува скандалот на онкологија

Latest from Blog

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа

УХМР: Следната недела снег во Македонија

Стабилното и тивко време ќе продолжи до вторник, при што маглата ќе се задржува во котлините, проследена со зголемена облачност. Од вторник навечер се очекува промена на временските услови, со повремени локални
Go toTop