Вардар се засили со Јапонец и Аргентинец

July 9, 2025
1 min read

Вардар 1961 донесе две странски засилувања во своите редови за новата сезона.

Нови ракометари на Вардар, како што соопшти попладнево клубот, се централните бекови, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно, кои ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.

Кавада е 19 годишен младински репрезентативец на Јапонија со која настапи на последното Светско првенство во Полска,, додека на ланското Азиско првенство беше прогласен за најкорисен играч на турнирот.

Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и 27-годишниот Аргентинец Боно, кој доаѓа во редовите на Вардар од францускиот Истр.

Боно е репрезентативец на Аргентина со која настапи на Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство порано оваа година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД со санкции за специјалната известувачка на ОН, Албанесе, за напорите за дејствување на МКС

Следно

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop