Вардар се засили со Гамбиец и Хрват

February 12, 2024
1 min read

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили своите редови за пролетниот дел од сезоната во која ќе се обиде да обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција со напаѓачот од Гамбија, Кеба Кебел Сусо и хрватскиот централен дефанзивец Михаел Бришки.

Дваесетишестгоднишниот Сусо, како што соопшти денеска Вардар, доаѓа во редовите на „црвено – црните“ од словенечкиот второлигаш Јадран Декани за кој постигна седум голови на 12 натпревари.

Сусо во кариерата има настапи и за екипите Атард и Викторија Хотспурс од Малта.

Дресот на Вардар во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе го носи и 25 годишниот интернационалец од Хрватска, Михаел Бришки, кој доаѓа од редовите на Санџулијано од италијанската Серија Д.

Бришки е поранешен член на хрватските селекции до 17 и до 19 години, а потекнува од школата на загрепски Динамо.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Касами: Не е исклучено и јас да бидам кандидат за претседател

Следно

ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: На Цеца и довикуваа да му удри шамар на Саша Поповиќ, пејачката се воздржа, а не требаше!

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop