Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга

March 5, 2025
1 min read

Во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) попладнево се одигра 22. коло во кое Вардар го совлада Работнички во скопското дерби, додека лидерот Шкендија загуби на гостински терен од актуелниот шампион Струга.

Поразот на Шкендија го искористи второпласираниот Силекс, кој по гостинската победа над Беса сега заостанува два бода зад тетовскиот состав.

Пелистер пред своите гледачи триумфираше над Воска, Тиквеш во Кавадарци го совлада Шкупи, а Гостивар ја прекина серијата од три натпревари без победа постигнат гол со гостинска победа во Струмица над Брера.

ПМФЛ: 22 коло, резултати

Брера Струмица – Гостивар 0-1, Беса – Силекс 0-5, Пелистер – Воска 1-0, Работнички – Вардар 0-2, Струга – Шкендија 3-0, Тиквеш – Шкупи 1-0.

Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 32, Пелистер 26, Вардар 20, Брера Струмица 20, Тиквеш 18, Воска 18, Беса 15. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган и Алиев го отворија гасоводот Игдир-Нахчиван, стратегиска иницијатива на Туркије и Азербејџан

Следно

„Туркиш ерлајнс“ е трет во светот

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop