Вардар го победи Алаклоид

April 2, 2025
1 min read

Ракометарите на Вардар 1961 го победија Алкалоид со 34-26 (15-13) на стартот на плеј-офот во Суперлигата. Пред почетокот дуелот во СЦ „Јане Сандански“ имаше минута молк за настрадатените од пожарот во Кочани.

„Црвено-црните“ одиграа подобро, особено во второто полувреме и сосема заслужено со триумф ја отворија клучната фаза во ракометната Суперлига и сигурно ќе бидат главен претендент за титулата оваа сезона.

Вуко Борозан со девет гола беше најефикасен кај победниците, додека голманот Мигел Еспиња имаше 14 интервенции за вардарци. Кај Алкалоид со осум гола заврши Мартин Серафимов.

Денеска се одигра уште еден меч од првото коло од плеј-офот, откако ГРК Охрид победи на гости кај Бутел со 22-20. Еурофарм Пелистер утре гостува кај Тиквеш.

Во следното коло Вардар ќе игра со Бутел, а пулените на Кирил Лазаров го пречекуваат Тиквеш. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Њујорк студентите се врзаа со синџири за портата на универзитетот во знак на поддршка на палестинскиот активист Халил

Следно

Адамчевски во 24 анализа: Царините кои ќе ги воведе Трамп може да му се вратат како бумеранг

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop