Вардар даде понуда, Алкалоид ја прифати: Полуфиналето да го играат во петок!

May 15, 2024
2 mins read

Најтрофејниот македонски ракометен колектив, Вардар, излезе со понуда до својот ривал во полуфиналето во Купот на Македонија – Алкалоид. „Црвено-црните“ и вицешампионот во четврток треба да го одиграат полуфиналето од Купот на Македонија во „Борис Трајковски“, а вардарци сега испратија понуда до Алкалоид натпреварот да се одигра ден подоцна – во петок.

Ова е еден вид на одговор на неколкуте соопштенија на шампионот Еурофарм Пелистер, од каде јавно искажуваа незадоволството од последната промена на термините.

Соопштението на Вардар ви го пренесуваме во целост:

„Ракометниот клуб Вардар секогаш го поддржувал спортскиот фер-плеј, се залагал на терен да се реши кој е подобар. Работиме секогаш во интерес на ракометот и сакаме да придонесме тој да го задржи приматот на најуспешен екипен спорт во Македонија. Сакаме ракометните натпревари да бидат интересни, неизвесни и квалитетни, и да привлечеме нови млади да се занимаваат со спорт. Пред нас претстојат натпреварите од Купот на Македонија каде Вардар е убедливо најуспешен колектив со 16 титули. Мораме да потенцираме, дека нам никогаш не ни требало ниту пак сме барале да бидеме привилегирани на ниту било кој начин. Имало многу случаеви кога сме реагирале на неправди и сме се залагале за еднаквост. Ниту сме некоја „засегната страна“ ниту пак „привилегирана“. За нас сите клубови се исти, сите ни се пријатели и спортски ривали.

Сакаме и бараме сите клубови да бидат подеднакво третирани, и на терен да покажат колку се подготвени, и колку вредат. Вардар многупати досега докажал дека е подготвен да игра во секави услови, за да го потврди својот квалитет, и да победи. Сме биле во многу незавидни ситуации, со „десеткуван“ тим, со различни проблеми, под притисок, но секогаш сме излегувале на терен да се бориме. На крај, ни честитале за нашиот успех, или пак ние сме му честитале на нашиот ривал.Така ќе биде секогаш. Сакаме да ја поздравиме идејата натпреварите од Купот на Македонија да се одржуваат заедно со мечевите на женските учесници, и од Куп мечевите да се обидеме да направиме да бидат ракометен празник. Сакаме и треба да помогнеме и женскиот ракомет да се издигне на нивото на машкиот, односно убава идеја што натпреварите би се играле во „Борис Трајковски“ каде се играат и мечевите на репрезентацијата.

Иако идејата е добра, мораме да напоменеме дека за ова требаше малку порано да бидат известени сите клубови за да може подобро да се организираат, но и да се објасни замислата за ваквата промена. Во иднина ваквите предлози треба однапред да бидат презентирани пред клубовите, и заеднички да се најде решение за секоја идеја која е добра за македонскиот ракомет. Како вистински спортски џентлмени и во интерес на задоволување на сите барања и засегнати страни, сакаме да го предложиме следново:

Доколку се согласи нашиот противник во полуфиналето, екипата на РК Алкалоид, ние како клуб сме подготвени нашиот меѓусебен натпревар наместо во четврток како што претходно беше најавено од страна на РФМ, да го одиграме ден подоцна во петок. Иако ќе имаме ден помалку за подготвување за следниот меч, сметаме дека Вардар е доволно квалитетен и тоа нема да му пречи. Сакаме да докажеме дека спортското витештво и борба на терен секогаш треба да бидат приоритет, за секој клуб, секој спортист. На крајот нека победи подобриот“.

Само неколку минути по објавата на Вардар на социјалните мрежи, Алкалоид ја прифати понудата. Ова го потврди на социјалните мрежи.

„РК Алкалоид е согласен за промена на терминот за одигрување на полуфиналето од Купот на Македонија со РК Вардар 1961, дуел што е закажан за четврток, 16 мај.

Од основањето на клубот, како важен принцип во работата, РК Алкалоид ги има одржувањето на спортската култура на високо ниво и зачувувањето на спортските релации и односи со сите клубови и со Ракометната федерација.

За нас како колектив што се залага за промовирање на позитивните страни на спортот број еден во државата учеството на завршницата на турнирот е од големо значење. Витештвото на теренот е тоа што треба да ги гради односите меѓу клубовите, а ние сме подготвени, во име на спортот, да подадеме рака, да го одиграме натпреварот во терминот што ќе биде дополнително одреден и да се фокусираме исклучиво на натпреварувачкиот момент“, стои во објавата на Алкалоид.

Тоа значи дека двата полуфинални натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во петок или пак Тиквеш и Еурофарм Пелистер ќе се премести за во четврток.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ова е влада

Следно

ЗАЅВОНЕВ НА ВРАТАТА, А ТАА ИЗЛЕЗЕ САМО ПО ДОЛЕН ВЕШ: Сандра Африка откри што направила кога дознала дека момчето ја изневерува, ова мора да го гледате! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop