ВАР стартува во Македонија, утре промоција на системот

August 5, 2025
1 min read

Воведувањето на ВАР системот во фудбалските натпреварувања, станува реалност во Македонија.

Ветувањето кое го даде претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ по стапувањето на позицијата прв човек во Куќата на фудбалот, се реализира.

Утре во ФФМ ќе бидат претставени новите простории на ВАР системот.

-Претставници на ФФМ и Комисијата за судии ќе ги презентираат техничките и оперативни капацитети на новите ВАР простории, кои од сезоната 2025/26 ќе бидат целосно функционални за натпреварите од Прва МФЛ, најавуваат од Куќата на фудбалот.

Според најавите, ВАР ќе биде во функција веќе во петок, 8 август, кога започнува и новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во Тетово, Шкендија и Шкупи 1927 од 17:00 часот ќе ги одмерат силите во една од дерби пресметките од воведното коло во Прва МФЛ.

Само неколку часа подоцна, во Скопје, Вардар и Пелистер, вечните ривали, ќе се сретнат на Националната арена „Тодор Проески“. Почетокот е закажан за 20:00 часот.

РАСПОРЕД – 1. КОЛО (2025/26):

петок, 8. август

Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | градски стадион, Тетово

Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

сабота, 9. август

Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | стадион Башкими, Куманово

Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга

недела, 10. август

Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци

понеделник, 11. август

Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | стадион Силекс, Кратово

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити најавува обнова на Старата Чаршија – инвестиција за зачувување на скопскиот идентитет

Следно

Едриличарскиот клуб „Snegar Struga“, организира воведна сесија во едрење

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop