Ван Гал: Манчестер јунајтед е комерцијален, а не фудбалски клуб

June 8, 2025
1 min read

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал, верува дека клубот од „Олд Трафорд“ е повеќе комерцијален клуб отколку фудбалски клуб.

– Тие не се фудбалски клуб. Го кажав тоа и претходно и секогаш е тешко. Кога менаџерот не е тој што одлучува кој играч треба да дојде, многу е тешко“, изјави 73-годишниот Холанѓанец за „Скај Спортс“.

Според Ван Гал, Манчестер јунајтед нема да биде успешен освен ако на менаџерот Рубен Аморим не му се даде можност сам да ги избере своите играчи.

– Кога други луѓе купуваат играчи, имате проблем. Ви треба знаењето на менаџерот бидејќи тој мора да ги тренира“, рече ван Гал. Земете го за пример менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. Таму тој кажува кој фудбалер да се купи, истакна Ван Гал.

Тој го тренираше Манчестер јунајтед од 2014 до 2016 година. Клубот го освои ФА Купот во сезоната 2015/16. Неговата последна работа беше со репрезентацијата на Холандија (2021/22).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Бог нека ги отвори границите, нека ги сруши ѕидовите“, рече папата Лав XIV критикувајќи ги националистичките политики

Следно

Војна за цензус во економско социјалниот совет – ССМ обвинува за удар од Владата, ВМРО-ДПМНЕ негира политичка заднина

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop