Ван Дајк е најдобар дефанзивец во историјата на Премиер лигата

March 14, 2024
1 min read

Многу одлични дефанзивци поминаа низ Премиер лигата и тешко е да се каже кој е најдобар на сите времиња. Ако се погледне статистиката, тие велат дека капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк е најдобриот дефанзивец во историјата на Премиер лигата.

Беа споредени статистичките податоци на петте дефанзивци кои важат за најдобри, односно оние за кои можеше да се извлечат прецизни податоци, бидејќи деталната статистика во Премиер лигата почна да се следи дури во 2004 година.

Тие пет дефанзивци се Англичаните Џон Тери (Челси, Астон Вила) и Рио Фердинанд (Вест Хем, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед), Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед), Винсент Компани (Манчестер Сити) и Вирџил Ван Дајк (Саутемптон, Ливерпул).

Според тие параметри – воздушни дуели, дуели на земја и прецизни додавања – капитенот на Ливерпул е најдобар од сите споменати дефанзивци.

Исто така, тој е единствениот играч кој се уште е активен.

Воздушни дуели:

1 Вирџил ван Дајк – 75,5%

2 Немања Видиќ – 73,5%
3 Џон Тери – 68,8%
4 Винсент Компани – 68,3%
5 Рио Фердинанд – 63,9%

Дуели на земја:

1 Вирџил ван Дајк – 73,5%
2 Рио Фердинанд – 70,8%
3 Немања Видиќ – 69,7%

4 Џон Тери – 68,9%
5 Винсент Компани – 61,8%

Точни додавања:

1. Вирџил ван Дајк – 88,8%

2. Џон Тери – 88,6%
3. Винсент Компани – 86,7%
4. Рио Фердинанд – 84,6%
5. Немања Видиќ – 83,4%.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шестмина тетовчани силувале малолетничка која не наполнила 15 години

Следно

ДИК ја потврди одлуката на Собранието да се гласа и со неважечки документи

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop