Владата утре ќе одржи вонредна седница со почеток во 11 часот.
Според најавите, на седницата, ќе се разговара за состојбата со бензините пред можното ново покачување на цените како резултат на растечките трендови на светските нафтени берзи.
За заклучоците и евентуалните мерки кои би ги донела владата, ќе информира премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција, по завршување на седницата.
Извор: kurir.mk


