Утре пред Собранието законски измени за сметководителите

February 23, 2025
1 min read

Утре во Собранието ќе се разгледува измена на Законот за вршење сметководствени работи, со која дисциплински казнетите сметководители ќе добијат привремена можност да ги потпишат годишните сметки и финансиските извештаи за 2024 година.

Околу 3.300 сметководители се привремено избришани од регистрите поради непосетување на задолжителната обука. Според предлог-законот, тие ќе мора да ја завршат обуката до крајот на 2026 година.

Сметководителите неодамна протестираа пред Министерството за финансии, барајќи решение за нивниот статус и ограничување на ингеренциите на Институтот на сметководители (ИСОС). Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека измените веќе се во собраниска процедура и дека сметководителите ќе можат да ги потпишат сметките за оваа година, но ќе мора да ја завршат обуката. Таа исто така најави проверка на работењето на ИСОС и можни мерки доколку се утврдат злоупотреби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Нема отворање на Уставот само за грбот, химната и за албанскиот јазик, во пакетот треба да ги има и Бугарите

Следно

Мицкоски за говорот на Џеј Ди Венс: Тоа е новото нормално кое доаѓа од Вашингтон и кое ќе го преплави светот

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.
Go toTop