Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

January 5, 2026
1 min read

По повод големиот христијански празник Бадник утре на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

Следно

Вашиот телефон слуша сè: Нов шпионски софтвер чита пораки и ја следи вашата локација 24 часа на ден

Latest from Blog

„Стентон градба“ ги реновираше хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – новите капацитети веќе работат

Компанијата „Стентон градба“ од Битола успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во ЈЗУ УКЦ „Мајка Тереза“ – Скопје, реализиран по принципот „клуч на рака“.
Go toTop