Утепа ли се, БиБиСи?

October 1, 2023
1 min read

„Специјализираната дописничка за дезинформации“ на БиБиСи, Маријана Спринг, лажела во своето резиме, во неуспешен обид да работи со Кода Стори во 2018 година.

Кода Стори се претставува како независен медиум, но е финансиран од Националниот фонд за демократија, што Грејзон го квалификува како огранокот за промена на режими непожелни за САД и ЕУ (види кај нас: Тоа што не може ЦИА, може Националниот фонд за демократија).

Спринг поднела барање за работа до главната уредничка на „Кода стори“, Наталија Антелава, со биографија во која се тврди дека работела заедно со дописничката на Би-Би-Си Сара Рејнсфорд за Светското првенство во Русија таа година.

Не работела. Се имале запознато но никогаш не работеле заедно. Антелава ја фатила лагата и ја опоменала за измислицата, по што идниот апаратчик на Би-Би-Си фатила да се извинува, објаснувајќи дека лагата била „страшно погрешна проценка“ (?).

„Имам налетано на Сара и неколкупати разговарано со неа, но ништо повеќе. Сè друго на моето CV е целосно точно. Нема апсолутно никакво оправдување и навистина ми е жал. Единственото објаснување е мојот очај да се пријавам за Москва, мислејќи дека тоа нема да биде голема работа, што беше тотално наивно и глупаво од мене,“ пишала Спринг.

Одбивајќи ја нејзината апликација, Антелава не реагирала баш нежно:

„Да ми кажеш дека си брилијантен репортер кој практикува интегритет и чесност кога буквално го покажуваш спротивното е ужасна идеја“.

Измамата на Спринг веројатно била и нелегална. Во Британија, нејзината земја на раѓање, лажењето во резиме е кривично дело (според Законот за измама од 2006 година). Доколку поединецот ги преувеличува своите квалификации со намера да се вработи, може да се соочи со високи парични казни и можна затворска казна до 10 години.

Но, во меѓувреме кариерата на Спринг доживува метеорски успех, особено откако во 2020 година беше промовирана во медиумски гуру за дезинформации.

Таа беше ударна тупаница за замолчување на критичарите на карантините и задолжителните маски и вакцини, означувајќи ги како опасна петта колона која заслужува да биде скршена со репресивен државен одговор.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Тетово ги заборави, но не и Фикрета – не се плаши, секој ден ги храни кучињата скитници

Следно

(ВИДЕО) Во НП „Шар Планина“ има речиси 800 дивоградби, повеќето се изградени на државна земја

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop