Усвоени значајни одлуки: Советот на Прилеп со нови мерки за јавниот простор

February 24, 2026
1 min read

На денешната 10-та седница на Советот на Општина Прилеп беа разгледани и усвоени повеќе одлуки од значење за функционирањето на јавните претпријатија и установи, како и за уредувањето на јавниот простор во градот.

Во фокусот на седницата беше Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување урбана опрема и користење површина пред деловни објекти на подрачјето на Општина Прилеп. Со оваа програма се воведуваат појасни правила и унифицирани стандарди за поставување урбана опрема пред угостителските и другите деловни објекти, со цел обезбедување поголем ред, естетика и функционалност на јавниот простор.

Советниците ја усвоија и Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп, со што се регулира пресметката на примањата во оваа установа.

На седницата беше донесена и одлука за давање согласност за определување ширина на крајбрежен појас во водотеците во планските опфати на УПС Штавица (КО Штавица) и УПС Тополчани (КО Тополчани), со што се уредуваат условите за понатамошно просторно планирање во овие подрачја.

Дополнително, Советот донесе одлуки за именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ – Прилеп. Исто така, беа именувани членови во управните одбори на повеќе јавни претпријатија и установи, меѓу кои ЈП за ПУП Прилеп, ЈСП Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп и ЈП „Енерго-Прилеп“.

Советот донесе и Одлука за ставање вон сила на Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Со донесените одлуки продолжува институционалното унапредување на работата на јавните претпријатија и установи, како и процесот на уредување и стандардизирање на јавниот простор во интерес на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бербок ги повика САД во целост да ја платат членарината за светската организација

Следно

ЈКП Комуналец – Прилеп и еко активисти носат пример за чист Прилеп

Latest from Blog

Такер Карлсон: ЕДНА ЗАСТРАШУВАЧКА МОЖНОСТ ГО ДРЖИ ТРАМП БУДЕН НОЌЕ

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги нападна Такер Карлсон, Мегин Кели, Кандис Овенс и Алекс Џонс, кои го нападнаа откако се закани дека „целата цивилизација ќе умре“. „Знам зошто Такер Карлсон, Мегин
Go toTop