Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

March 27, 2026
1 min read

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација.

-Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладин сектор. Работната група ја сочинуваа над 100 членови номинирани од клучните засегнати страни, беа организирани четири национални конференции со повеќе од 500 учесници, а од страна на ангажираните експерти беа спроведени консултации со над 5000 испитаници, наведува МОН во објавата.

Документот се фокусира на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, примена на нови формули за финансирање на училиштата, подобрување на инфраструктурата, оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото и науката.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Sali në hapjen e Shkollës së 4-të Ballkanike të Pediatrisë: Bashkëpunimi rajonal thelbësor për shëndetin e fëmijëve

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop