Уставниот суд политизира и кога вели дека не политизира за Законот за јазиците

May 4, 2025
2 mins read

„Штелувањето“ на Уставниот суд на терминот на носење на одлуката по изборите и тоа како има политички консеквенци.

Љубиша НИКОЛОВСКИ

„Со цел да се избегне политизација и етнизација, моја проценка е дека конечната одлука за Законот за јазиците ќе биде донесена после локалните избори“, изјави деновиве претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Изјавата на претседателот на Уставниот суд сугерира дека Судот е свесен за чувствителноста на Законот за употреба на јазиците во политички и етнички контекст.

Одлуката да се одложи носењето на конечна пресуда до по локалните избори изгледа како обид да се избегне можен притисок, манипулации или негативни интерпретации од страна на политичките актери, што е разбирливо од гледна точка на институционална стабилност.

Сепак, ваквото одложување може да се протолкува и како проблематично од аспект на владеење на правото. Уставниот суд е должен да постапува непристрасно и без одложување, без оглед на изборни циклуси. Правната сигурност и еднаквиот пристап до правдата не би требало да зависат од политички календари. Ова ја отвора дилемата дали судот е навистина независен или пак подложен на политички влијанија.

На кратко – изјавата ја покажува сложеноста на ситуацијата, но и ризикот дека правото се подредува на политички калкулации.

Имено „штелувањето“ на терминот на носење на одлуката по изборите и тоа како има политички консеквенци.

Законот е симболичен и реален инструмент за консолидирање на политичката легитимност на ДУИ. Ако Уставниот суд го поништи или дури само „кастрира“, тоа ќе биде пречекано како напад врз „Охридскиот договор“ и како удар врз правата на Албанците.

Со оглед на фактот што тие, локалните избори, кои пледираат да бидат и предвремени парламентарни ги сметаат за референдум, веројатно одлуката на Уставниот ќе ја „обработуваат“ во предизборната кампања.

Оттаму ако Уставниот суд ја донесе одлуката пред избори, свесен е дека ќе има бурни реакции од страна на ДУИ кои би имале широк спектар на дејствување преку демарши, протести или радикализација во поширока смисла на зборот.

Одложувањето на одлуката по изборите, ја гаси таа експлозивност.

Треба да се има предвид дека Уставниот суд веќе еднаш ја одложи седницата на која требаше да се расправа за уставноста на Законот за употреба на јазиците. На 11 декември 2024 година, судот одлучи прво да одржи подготвителна седница, но во меѓувреме, пред Уставниот суд беа организирани протести и поставени шатори од страна на поддржувачи на Законот, предводени од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и други партии од коалицијата „Европски фронт“.

Имено, Уставниот суд има задача да проценува уставност и законитост без да внимава на тоа дали некоја одлука ќе биде „политички експлозивна“. Признавањето дека се чека погоден политички момент е, всушност, признавање дека судот е подложен на надворешни фактори.

Со вакви изјави, јавноста може да заклучи дека правдата се мери според политички последици, а не според уставните начела. Тоа ја нарушува довербата во Уставниот суд како последна брана на правната држава.

Во демократско општество, токму институции како Уставниот суд треба да бидат пример за правна автономија. Одлуките мора да бидат донесени кога се созреани правно, а не политички.

Но на тој начин Судот, наместо чувар на Уставот, се позиционира како амортизер на етничко-политичката тензија. Тоа во суштина можеби не е лошо, но со одложување, тој фактички купува време за политичарите. Така, можеби добива на политичка зрелост, балансираќи ги етничките тензии во општеството, но ја губи правната кредибилност.

Сето ова на некој начин го потврдува сомнежот дека Судот, најверојатно, е под мек притисок од извршната власт, директно или индиректно преку формални канали.

Одлуката за одложување е класичен пример на „координирана тишина“ – никој формално не бара ништо, но сите имаат интерес ништо да не се случи. Тоа не е правна логика, туку институционализирана калкулација, што ја одразува суштината на македонскиот политичко-правен систем: право -под диктат на политичките прилики.

Излезнното решение можеби ќе произлезе од подготвителната седница закажана за 19 јуни.

Од подготвителната седница не се очекува одлука, туку поставување на правната и политичката рамка во која таа одлука ќе биде донесена.

Сè повеќе се гледа дека Судот ќе се движи кон парцијално укинување или корекција, а не целосно поништување.

Дали тоа ќе ги задоволи сегашните позиции на ДУИ кои цврсто стојат на ставот дека од законот не треба да се смени ниту точка ни запирка останува да се види и како тоа политички ќе се артикулира.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди Западен Тексас

Следно

Влатко Стефановски: Ако не е добро за цел свет, не е добро ни за дома

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop