Уставниот суд ќе одлучува за Изборниот законик

February 26, 2025
6 mins read

Уставниот суд денеска треба да одлучи по иницијатива за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. На дневниот ред од денешната седница закажана за во 9:30 часот се предвидени и осум други иницијативи за оценување на уставност/законитост и три барања за заштита на слободи и права.

Подносителите на Иницијативата за Изборниот законик сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 % од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Покрај ова, на денешната седница уставните судии ќе дискутираат и за оспорениот член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијација.

Подносителот на иницијативата ја оспорува одредбата од Законот во која е уредено дека во случај на поднесена тужба до надлежниот суд, без приложен доказ од медијатор за сторен обид за решавање на спорот со медијација, постои основ за отфрлање на тужбата поради судска ненадлежност. Подносителот наведува дека со оваа правна норма се остава простор за правна несигурност и можност за губење на правата или неисполнување на обврските, затоа што тужбата може да биде оценета како „преуранета“ или „неуредна“ и од тие причини да биде отфрлена, а не и дека „постои судска ненадлежност“. Се наведува дека медијаторот не го решава спорниот однос и нема улога на суд и поднесувањето тужба „до надлежниот суд“ во вакви случаи не може да се отфрли „поради судска ненадлежност“ бидејќи судската ненадлежност не е доведена во прашање.

Оспорени се и член 13 од Законот за нотаријатот, насловот на член 32 во делот „и број“ и член 32 став 4 од Законот за извршување.

Според подносителот со оспорените законски одредби законодавецот пропишал лимитирање (ограничување) на бројот на лица кои во Република Северна Македонија може да бидат именувани како нотари и извршители со што се повредуваат уставните норми за слободата на пазарот и претприемништвото, еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот и забраната за монополска положба и монополско однесување на пазарот, како и достапноста на секое работно место под еднакви услови за секој граѓанин.

Од Законот за урбанистичко планирање е оспорен член 93 во делот „и ќе бидат завршени во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон” и став 2 од Законот за урбанистичко планирање.

Пондосителот наведува дека со ваквото законско уредување се загрозува правната сигурност бидејќи предвидува ретроактивна примена на Законот за урбанистичко планирање на начин што за оние постапки коишто завршиле пред истек на четири години од влегување во сила на овој закон се применувале одредбите од претходните закони, а за оние постапки коишто од било кои причини не завршиле пред истекот на тие четири години од неговото влегување во сила, ќе треба да продолжат согласно одредбите од новиот закон. Со оспорената законска одредба, според подносителот, законодавецот задира во стекнатите права на субјектите со реторактивна примена на законот со што е нарушена правната сигурност и ги доведува субјектите при остварување на стекнатите права и интереси во нееднаква положба во однос на оние што ги завршиле постапките и ги оствариле своите права согласно претходно важечките закони. Исто така, со донесување на оспорената законска одредба се повредува принципот на легитимни очекувања на субјектите како елемент на владеење на правото, бидејќи субјектите при започнување на постапките за донесување урбанистички планови се воделе од важечките законски одредби, а со оспорената одредба се предвидува овие постапки да завршат согласно други законски одредби.

На денешниот дневен ред е и иницијативата во која е оспорен член 140 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување во делот „ако барањето е поднесено во рок од шест месеци од денот на исполнувањето на условите, а ако барањето е поднесено по истекот на тој рок од поднесувањето на барањето и за шест месеци наназад”.

Според подносителот оспорената одредба е во спротивност со владеењето на правото од член 8 алинеја 3 и принципот на еднаквост од член 9 став 2 од Уставот бидејќи оспорената законска одредба има непосредни правни последици врз одредени лица кои од различни причини не го оствариле, иако се стекнале со право од пензиско осигурување – право на пензија, само поради неподнесување барање за остварување на тоа право. Според подносителот барањето за остварување на правото на пензија треба да се остварува по автоматизам, а не по поднесено барање од причина што странката може да биде објективно спречена во поднесувањето на барањето или да не му се познати или достапни начините на поднесување на барањето.

Оспорени се и член 73 став 2 и став 3 алинеја 1, 2 и 3 и член 76 став 3 од Законот за дивеч и ловство.

Во иницијативата се наведува дека со оспорените законски одредби се ограничува правото на сопственост на граѓаните, на начин што за сопствениците се наметнуваат обврски во вид на преземање на мерки за обезбедување и спречување на штета од дивеч, а согласно содржината на оспорените членови секое непочитување на така предвидените мерки ќе ја амнестира државата од обврска да ја надомести штетата што дивите животни ја причинуваат на граѓаните и нивните имоти.

Воедно, од страна на Светски македонски конгрес оспорен е и правилникот за образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесеното барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта и за начинот на водење на евиденција за издадените лични карти

Во иницијативата се наведува дека оспорениот правилник е донесен врз основа на одредба од Законот за личната карта која престанала да важи со што не може да произведува права ниту пак врз нејзина основа да се преземаат правни дејства. Во одредбите на Законот не е извршена измена на зборовите „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“, со што оспорениот правилник не е во согласност со Законот за лична карта и со Уставот. Подносителот смета дека е недопуштена промената на името на државата со подзаконски пропис, во случајов со оспорениот правилник, со што истиот не е во согласност со одлуките на референдуми од 08.09.1999 година и од 30.09.2018 година и со член 1 став 1 и член 2 од Уставот. Издавањето на лични исправи за едни граѓани со името на државата Република Македонија, а за други со името „Република Северна Македонија“ ги прави граѓаните нееднакви пред Уставот и законите.

Подносителот наведува дека поради суспензијата на правото на жалба или друг вид на правна заштита на издавањето на личната карта како поединечен правен акт, бара Уставниот суд да го поништи оспорениот правилник. Исто така, подносителот наведува дека никаде во Законот за лична карта не е утврдено дека престанува важноста на нејзината употреба поради промена на името на државата и со присилна замена на личните карти, со општ пропис, државата ја суспендира нивната важност доколку на нив не е впишано новото име на државата и тоа со обврска трошокот на замената да биде на товар на граѓанинот.

Оспорен е и член 3 од Правилникот за образецот на барањето и потребната документација за утврдување на стаж на осигурување со зголемено траење, образецот на барањето и потребната документација за исплата на посмртна помош од средствата на солидарниот фонд, образецот на барањето и потребната документација за остварување на право на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија и паричен надоместок за телесно оштетување, барањето и потребната документација за утврдување инвалидност, образецот на предлогот за утврдување на инвалидност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и образецот на предлогот на работодавачот за утврдување на инвалидност на осигуреникот.

Според подносителот на иницијативата, оспорената одредба во делот „од средствата на солидарниот фонд“ од Правилникот не е во согласност со одредбите на Уставот и со член 3 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, и истата треба да се укине како спротивна на: принципот на владеењето на правото, начелото на еднаквост, член 34, член 35, член 51 и член 52 став 4 од Уставот.

Одлука за давање одобрение за основање на приватно средно училиште „Медреса Иса Беу” с. Кондово, донесена од Владата на 26 март 2024 година е, исто така, оспорена.

Во иницијативата се наведува дека основач на приватното средно училиште е Исламската верска заедница, за што подносителот тврди дека верска заедница и религиозна група не е дозволено да биде основач на приватно средно училиште каде што ќе се организира и остварува настава за средно гимназиско образование од општествено-хуманистичко подрачје, јазично-уметничко подрачје и природно-математичко подрачје. Според подносителот, Уставот дозволува верските заедници да основаат верски училишта, но тие да бидат од верски карактер, операционализирани со закон.

Од Барањата за заштита на слободи и права, на денешната седница на Уставен суд има барање за заштита на правото или слободата од членот 110 алинеја 3 од Уставот во кое подносителот Филип Џуклески смета дека му се повредени угледот, моралниот интегритет и достоинството преку преземени дејствија со наводно невистинито информирање од страна на одговорно лице од Автомобилистичката федерација на Северна Македонија, до Спортскиот Авто Картинг Сојуз на Србија. Подносителот на барањето тврди дека добил известување дека е избришан од евиденцијата на Федерацијата, како и дека до Сојузот во Србија е испратен допис без негово знаење, со содржина дека е доживотно казнет и избркан возач од АФСМ, со што наведува дека е дискриминиран и оневозможен да членува и понатаму во спортските федерации во Србија.

Подносителот Влатко Стојанов наведува две одлуки донесени од страна на Основниот суд Битола и Апелациониот суд Битола за кои тврди дека се неправедно и незаконски санкционирани, поради тоа што одбиле вакцинација на нивното дете. Се наведува дека е нарушен физичкиот интегритет на неговото дете, на начин што се врши принуда за задолжително вакцинирање, при што доколку не се реализира, родителот ќе се соочи со финансиски последици.

Во делот на барање за заштита на слободи и права, оспорена е и одлука на Апелационен суд Гостивар донесена на 15.05.2024 година во која подносителот Живко Петрушевски наведува дека при водењето на постапката е дискриминиран и му е нарушено правото на еднаков третман на сопственоста. Се тврди дека втората страна во судскиот процес бесправно и на сила му преземала 31 m2 од имотот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Судскиот совет ќе формира комисија за утврдување на бројот на предмети што треба да ги реши судијата месечно

Следно

Изменет режим на сообраќај на автопатската делницата Демир Капија – Смоквица

Latest from Blog

Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат

Сите оние коишто мислат дека картелски ќе се здружуваат има закон и ќе бидат одговорни пред законот, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од Неготино, кој одговараше на новинарско прашање дека Комисијата за

Член на партијата „Десна“ рече дека за време на убиството на Вања, се допишувал со Палевски на „Телеграм“, но комуникацијата се избришала

Во Кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со испитување на сведоци на одбраната. Сведочеше Зоран Петковски, порано работел во полиција, и се претстави дека е член

„Матичните лекари штрајкуваат поради новите измени во системот „Мој термин““

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, истакна дека штрајкуваат бидејќи без претходна најава,

Санкционирани 120 возачи за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола

Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во поглед на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи

Јаневска: Спроведуваме истражување за вработливоста на македонските студенти, податоците ќе помогнат за нови политики во високото образование

Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти
Go toTop