Уставниот суд бара информации за извршувањето на одлуката за Законот за средното образование

September 13, 2024
1 min read

По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1, со која беа укинати делови од Законот за средното образование, Уставниот суд информираше:

На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (Министерство за образование и наука, Град Скопје и ЈГСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации во врска со извршувањето на одлуката. Овие информации ќе бидат користени за подготовка на извештај и за информирање на Судот.

Според член 86 од новиот Акт, кој се применува од септември оваа година, Уставниот суд по службена должност го следи извршувањето на своите одлуки и може да побара податоци и информации од секого во врска со преземените мерки за извршување на одлуката.

Член 85 од Актот упатува дека обврската за извршување на одлуките на Уставниот суд започнува од денот на нивното објавување во „Службен весник“, и тие мора да се извршуваат без одлагање.

Дополнително, согласно член 90, Уставниот суд има право по потреба да побара од јавните органи да го обезбедат извршувањето на одлуката.

Уставниот суд потсетува дека, според член 91, врз основа на претходно добиени податоци и известувања, може да донесе посебно решение за утврдување дека одлуката не е извршена, и ќе го извести надлежното јавно обвинителство и органот што го именувал или избрал раководителот на органот или телото кое не ја извршило одлуката на Судот.

Во однос на прашањето дали некој се обратил до Уставниот суд со претставка за неизвршување на одлуката, Судот информира дека до сега не е добиена таква претставка. Барањето за информации за спроведување на конкретната одлука беше покренато по службена должност по објавувањето на информации во јавноста дека одлуката од 5 декември 2023 година не се спроведува.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на министерот Муцунски со Државниот секретар во Министерството за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската покраина Северна-Рајна Вестфалија, Марк Шпајх

Следно

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Latest from Blog

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на

Вкусот на Пелистер“ повторно ги обедини Битола, Прилеп и Ресен

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на

“Студентите“ блокадери со нов протест: СЕ БАРА АВТОНОМИЈА НА САНЏАК!

Студентските протести во Србија веројатно лани почнаа – како студентски, но веќе од март годинава тие се политички деминстрации со конкртени барања кои се спротивни на државниот устав: отцепување на Војводина и
Go toTop