Успех на „Грин Машинс“ во Велика Британија: Интерес од општини и компании за македонските иновации

September 28, 2025
1 min read

Ќерка компанијата на велешки „Брако“ – „Грин Машинс“ имаше забележителен настап на престижниот RWM Expo 2025 во Бирмингем, Велика Британија, еден од најголемите европски саеми за одржливост и управување со отпад.

Иако на штандот беа изложени само четири машини од целата палета производи, интересот кај посетителите беше огромен. Најмногу внимание покажаа претставници на општини, комунални претпријатија, приватни компании и дилери од различни делови на Обединетото Кралство.

„Грин Машинс“ е препознатлива по висок квалитет, иновации во областа на одржливоста и примена на технологии за чисти и зелени градови. Со своите производи, компанијата уште еднаш потврди дека македонското знаење и инженерство успешно се натпреваруваат на глобалниот пазар.

 

 

Преку овој настап, „Брако“ и „Грин Машинс“ ја претставија Македонија како земја која активно придонесува во изградбата на поодржливи и почисти урбани средини ширум светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо: Нè боли, но мора да ги извлечеме позитивните страни од овој заслужен пораз!

Следно

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Тетово, Претор и Куманово

Latest from Blog

Андоновски и Димовски во работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

Заменик Министер за здравство Јовица Андовски заедно со Вицепремиерот на Владата на Република Македонија Љупчо Димовски остварија работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата со директорот на АХВ и
Go toTop