Уште пет палестински новинари убиени во израелските напади во Газа

May 18, 2025
1 min read

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Уште пет палестински новинари се убиени во израелските воздушни напади во Појасот Газа во текот на денешниот ден, изјавија медицински извори, јавува Анадолу.

Тие соопштија дека меѓу жртвите е и жена новинарка, а животите ги загубиле заедно со членовите на нивните семејства во напади врз куќи и шатори за раселени цивили во различни делови на Газа.

Изворите соопштија дека убиени се новинарите Абдул Рахман Ал-Абаадела, Халед Абу Сеиф, Азиз Ал-Хаџар, Ахмед Ал-Зајтани и Нур Кандил.

Со новите жртви, бројот на новинари убиени во израелските напади во Газа од октомври 2023 година се искачи на 222, според владината канцеларија за медиуми во Газа.

Министерството за здравство соопшти рано утрово дека најмалку 153 Палестинци се убиени во интензивираните израелски воздушни напади врз енклавата во последните 24 часа.

Израелската армија спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во којашто убиени се над 53.300 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

Следно

Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop