Уште осум камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа

October 25, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека во Појасот Газа, кој е под израелска блокада, влегле осум камиони со хуманитарна помош преку граничниот премин Рафах на египетската граница, јавува Анадолу.

Ова е четврти конвој со хуманитарна помош што влегува во Газа од 7 октомври.

Меѓународнaта организација на Црвената полумесечина соопшти дека палестинската Црвена полумесечина го добила четвртиот пакет хуманитарна помош составен од осум камиони.

Наведено е дека пет камиони превезувале вода, два биле со храна и еден со лекови.

Во изјавата од 23 октомври, шефот за јавни работи на преминот Рафах, Ваил Абу Мухсин, рече дека „третиот“ конвој со хуманитарна помош од 20 камиони од Египет влегол во Газа.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври, ставајќи ја целата енклава под блокада, поради што 2,3 милиони жители се со малку вода, гориво и медицински материјали.

Израелската војска продолжи со своите интензивни воздушни напади врз Газа, во кои уништи цели квартови.

Во израелските напади на Газа убиени се 5.791 Палестинец, од кои 2.360 се деца, 1.292 жени и 295 стари лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден од повредените е во животна опасност – „Штекли“ е погоден со 6 куршуми, но е во стабилна состојба

Следно

 Кривична пријава за разбојништво, приведени двајца малолетници

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop