УШТЕ ЕДНА ТАЖНА ВЕСТ ВЕЧЕРВА: Почина освојувачот на првиот ракометен Куп на Македонија! (ФОТО)

March 24, 2024
1 min read

На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации.
Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија).

Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.

Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево.

Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово…

Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.

Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои: Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица…

Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.

Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија дефинитивно оди на нови избори Марија Габриел од ГЕРБ го враќа мандатот

Следно

ОВА Е НАВОДНИОТ ЉУБОВНИК НА КЕЈТ: Таа три месеци се бори со пеколната болест, а тој е пронајден мртов – до него детаљ за што молчи целиот свет! (ФОТО)

Latest from Blog

„БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ“ НА КОЛЕНА! Шпанската полиција пронајде оружје и 2,5 тони кокаин – Братко, ти ли си?

Шпанската полиција објави апсење на ќелија на балкански картел во кое учествувала и српската полиција. Запленети се дури 2.550 килограми кокаин, што е една од рекордните заплени на дрога во оваа земја.

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека
Go toTop