Уште еден земјотрес го потресе рускиот полуостров Камчатка

July 31, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Уште еден земјотрес со магнитуда од 6,7 степени утрово го погоди рускиот полуостров Камчатка, според Академијата на науките, јавува Анадолу.

Епицентарот е регистриран на 178 километри од градот Петропавловск-Камчатски, административниот центар на регионот Камчатка, соопшти Унифицираната служба за геофизика (УГС) на Руската академија на науките (РАС) преку Телеграм.

Потресите се почувствувани во градот, каде што се урнати неколку згради, според регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни состојби.

Нема пријавени жртви.

Вчера се случи најсилниот земјотрес што некогаш е регистриран на полуостровот, а руските научници регистрираа над 100 последователни потреси со магнитуда над 5,0 по примарниот потрес.

Сеизмичката активност предизвика цунами и предупредувања за цунами на сите Курилски Острови.

Во Јапонија беа издадени предупредувања, по кои следуваше целосна опасност од цунами за речиси целиот источен брег на Пацификот.

Цунами брановите, кои достигнаа висина до два метра, стигнаа и до бреговите на Перу во Јужна Америка. Брановите стигнаа и до Велигденскиот Остров (Рапа Нуи), но не се сметаа за опасни.

Во Чиле, властите започнаа со евакуација на луѓето од крајбрежните области кон внатрешноста поради заканата од цунами.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија повторно на мапата на европскиот туризам

Следно

Борбен авион Ф-35 се урна во САД

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop