Уште еден палестински новинар убиен во израелски напад врз Газа, билансот достигна 193

December 11, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште еден палестински новинар е убиен во израелски напад врз Појасот Газа, со што вкупниот број убиени од минатата година достигна 193, пренесува Анадолу.

Форумот на палестински новинари соопшти за новата жртва, новинарката Еман Шанти, од локалното радио Ал-Акса, во израелскиот напад врз домот на нејзиното семејство во градот Газа.

Форумот ги осуди „меѓународниот молк и неуспехот да се заштитат палестинските новинари, да им се дозволи да ги извршуваат своите професионални должности во согласност со меѓународните закони и хуманитарните конвенции“.

Израел на 7 октомври минатата година започна геноцидна војна во Појасот Газа во која досега се убиени над 44.800 Палестинци, главно жени и деца.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски до Беџети: Откако Стејт департментот го стави Груби на црна листа, сега Груби вели дека ќе се жали, прашањето е знае ли каде ќе се жали?

Следно

Судиите Ала и Ристова се новите членови на Судскиот совет

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop