Уште 3 израелски војници загинаа во борбите во Газа

January 31, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Уште тројца израелски војници загинаа во борбите со палестинските групи на отпорот низ Појасот Газа, објави денес израелската Армија, пренесува Анадолу.

Во соопштението цитирано од веб-страницата „Тајмс оф Израел“, израелската Армија соопшти дека уште двајца војници биле тешко ранети во борбите во јужниот дел на Газа.

Вкупно 223 израелски војници се загинати во Газа од почетокот на израелската копнена операција на 27 октомври.

Бројот на загинати израелски војници од почетокот на војната во Газа на 7 октомври се искачи на 560.

Израел започна напад врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти во Газа досега загинати се најмалку 26.751 Палестинец, главно жени и деца, а повредени се 65.636.

Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка

Следно

Утре блокада на авиосообраќајот во Германија, задутре на градскиот транспорт

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop