Уште 118 камиони со помош влегоа во Газа преку Рафа

November 7, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Палестинската Црвена полумесечина објави дека примила 118 камиони со помош во текот на вчерашниот ден и денес преку граничниот премин Рафа, јавува Анадолу.

Од 21 октомври досега во Појасот Газа влегоа 569 камиони со помош.

Палестинската Црвена полумесечина изјави дека нејзините тимови вчера (недела) преку преминот Рафа примиле 25 камиони на египетската Црвена полумесечина со хуманитарна помош.

Во подоцнежната изјава тие потврдија дека денес преку преминот Рафа примиле 93 камиони со помош од египетската Црвена полумесечина.

Истакнаа дека во камионите имало „храна, вода, помош, медицински материјали и лекови, додека засега не е дозволено гориво“.

„Бројот на примени камиони од 21 октомври е 569, приближно еквивалентно на околу 33 камиони дневно“, се вели во извештајот.

Првиот конвој со помош влезе во Газа на 21 октомври. Дваесет камиони со претежно медицински и прехранбени материјали влегоа во Газа по 13 дена строга израелска блокада на Појасот и гранатирање на преминот Рафа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ново издание на 360°: Дали пак ќе трча за шеф на државата – интервју со Гордана Силјановска-Давков

Следно

По 77 дена на ГАК: Малиот борец Едон си замина дома

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop