УСАИД затвора 1.600 работни места во САД, илјадници вработени на административно отсуство

February 24, 2025
1 min read

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека става на платено административно отсуство голем дел од персоналот на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и затвора 1.600 работни места во земјата.

Во соопштението објавено во неделата пред полноќ, УСАИД информира дека административното отсуство се однесува на сите вработени, освен на директорите и клучниот персонал ширум светот.

Покрај тоа, агенцијата започнува процес на намалување на бројот на вработени, што ќе опфати околу 1.600 работни места во САД. Според претходно испратено известување, првично се најавувало дека отпуштањата ќе опфатат до 2.000 вработени.

Поранешни високи функционери на УСАИД проценуваат дека повеќето од вкупно 4.600 вработени, вклучувајќи службеници во државната администрација и дипломатски персонал, ќе бидат ставени на административно отсуство.

– Оваа администрација и државниот секретар Марко Рубио се кусогледи во намалувањето на експертизата и капацитетот на УСАИД за брза реакција во кризни ситуации. Овие експерти се први на терен во случаи на епидемии или раселување на население, помагајќи во стабилизирање на ситуацијата и доставување помош – изјави поранешната функционерка Марсија Вонг.

Процесот на кратење на федералните работни места го води Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ), предводен од милијардерот Илон Маск. Минатиот петок, федерален судија ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да продолжи со ставање на илјадници вработени во УСАИД на административно отсуство.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Македонија станува лидер во електронските услуги во Западен Балкан

Следно

Вреди: Време е ДУИ да направи вистински ветинг – почнувајќи од Бујар Османи, најдобриот другар на Артан Груби

Latest from Blog

Покетино:„Ми недостига Англија и фудбалот во Премиерлигата!“

ФОТО:.facebook.com/officialussoccer Во последните денови,селекторот на САД, Маурицио Покетино, беше поврзуван со менаџерски позиции во Тотенхем и Манчестер Јунајтед. Тој призна дека му недостига фудбалот во Премиер лигата. Аргентинецот досега раководел со три

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop